Ливерпул во летниот преоден рок реализираше неколку спектакуларни трансфери како оној на Александар Исак кој се пресели на „Енфилд“ за 145 милиони евра, означувајќи го четвртиот најскап трансфер во историјата и воедно најскапиот трансфер во историјата на англискиот великан.
Сепак и покрај тоа што се чинеше дека Швеѓанецот долго ќе биде на врвот на рекордната листа, сумата на овој трансфер наскоро би можела да биде надмината, пренесуваат англиските медиуми.
Арни Слот како нова трансфер цел го постави Џуд Белингем, англискиот репрезентативец од Реал Мадрид за кој „црвените“ се подготвени да издвојат 180 милиони евра.
Доколку овој трансфер се реализира тоа би бил вториот најскап трансфер во историјата на фудбалот по оној на Нејмар од Барселона во ПСЖ за 222 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

