Слот: Нема поента повеќе да зборуваме за Зубименди

Во летниот преоден рок, Ливерпул пропушти шанса да го ангажира Мартин Зубименди од Реал Сосиедад. Иако „црвените“ притискаа жестоко за трансферот, сепак, самиот играч одлучи да остане во Сан Себастијан.

Пред неколку дена наводно Зубименди се покајал за таа одлука, и сега ги моли челниците на англискиот тим да го ангажираат во јануари. Меѓутоа тренерот на Ливерпул, Арне Слот засега ја отфрла таа можност.

„Ако го купевме Зубименди, можеби ќе моравме да ротираме повеќе и медиумите ќе беа среќни поради тоа. Од оваа гледна точка, немам поента да го коментирам останувањето на Зубименди во Реал Сосиседад, но јас можам да кажам дека сме среќни од формата на Рајан Гравенберх“, изјави Холанѓанецот на клупата на Ливерпул.

Се вчитува...