Слот нервозен: Губиме бодови на домашен терен против Нотингем и против Фулам

Ливерпул испушти нови значајни бодови во трката за премиерлигашка титула откако во 16. коло ремизираше со 2-2 во дуелот против Фулам.

Ремито наиде на големо незадоволство кај тренерот Арни Слот, но предводеникот на Ливерпул сепак е задоволен од играта на неговиот тим кој од 16. минута беше со играч помалку.

„Многу работи се случија, но за мене најважно беше колку импресивно игравме со десетмина. Резултатот е разочарувачки, имајќи предвид дека игравме против Фулам на домашен терен. Имаше долги прекини во играта, а тоа можеби ни помогна. Трчавме како да сме 11 играчи и покажавме исклучителен притисок. Кога бевме со израмнети сили, имавме повеќе проблеми отколку по исклучувањето. Се случува да добиеш црвен картон, но добро е што имаме тим кој е многу тежок за победување. Загубивме од Нотингем Форест и изгубивме бодови против Арсенал и Њукасл. Не сакам да губам бодови на домашен терен против Нотингем и против Фулам“, изјави Слот.

Се вчитува...