Слот: Ни недостасуваше магија, но имавме среќа

Ливерпул ја продолжи серијата на победи во Премиерлигата славјеќи и во 4. коло против Барнли во натпревар во кој брнителот на трофејот стигна до трите бода со гол од пенал длабоко во судиското продолжение на второто полувреме.

Тренерот Арни Слот не го криеше задоволството од победата, имаше и пофални зборови за противникот, а изјави дека понекогаш е потребно и да имаш доза на среќа.

„Сите пофалби за Барнли за начинот на кој се бранеа. Ни беше тешко да најдеме начин да постигнеме гол. Неколку пати бевме блиску до гол и ако постигневме гол порано, можеби натпреварот ќе беше отворен, но бидејќи не го сторивме тоа, тие продолжија со истото. Моравме да бидеме трпеливи, да почекаме до крајот на второто полувреме и на крајот го добивме она што се надевавме.

Ни беше потребен момент на среќа или магија. Магија немавме, но имавме среќа“, изјави холандскиот стретег.

Се вчитува...