Слот: Никогаш не сум кажал дека не го сакам Салах во екипата

Продолжува сагата околу Мо Салах во Ливерпул. Односот на релација играч – клуб е нарушен откако Египќанецот даде изјава по мечот со Лидс, која предизвика веднаш реакција кај тренерот Арне Слот кој се реши да го исклучи својот играч од групата на играчи за мечот против Интер во Лигата на шампионите.

Пред новото коло во Премиерлигата, Слот беше прашуван за односот со Салах и за можноста да биде вратен повторно во „погон“ за англискиот првак.

„Никогаш не реков дека не го сакам Салах во својата екипа“, изјави Слот на прес-конференцијата.

Дали со ова Слот навести дека ќе го вклучи својот фудбалер за натпреварот со Брајтон кој се игра утре во 16:00 часот. И менаџерот Слот е под притисок, со оглед на последните слаби резултати на тимот.

Се вчитува...