Слот: Никој не одигра така добро против нас сезонава како ПСЖ

Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот му оддаде почит на одличниот настап на Пари Сен Жермен во првиот натпревар, но е уверен дека неговиот тим може подобро.

Во првиот осминафинален натпревар во Лигата на шампионите, Пари Сен Жермен упати 27 удари кон голот на Ливерпул, а црвените само два. На крајот Ливерпул победи со 0-1.

„Некои велат дека игравме лошо, јас не се согласувам. Мислам дека одиграа неверојатно добро, мислам дека сезонава не сретнавме тим кој имаше толкав квалитет и таков интензитет во исто време. Сепак, мислам дека можеме да играме подобро. Не велам дека бевме лоши или воопшто не игравме добро, но ние сме подобар тим отколку што покажавме минатата недела. Тоа е нешто што треба да го докажеме денеска, со помош на нашите навивачи“, посочува Слот.

Се вчитува...