Слот: Одговорноста е моја…

Ливерпул им приреди уште едно непријатно изненадување на своите навивачи откако беше поразен од Нотингем Форест на домашен терен со убедливи 0-3.

После натпреварот, тренерот Арне Слот им се извини на фановите, и ја презеде одговорноста за случувањата во тимот, и очајната форма.

„Ако работите одат добро или лошо, тука секогаш е моја одговорност. Се обидов да прилагодам неколку работи кои ми пречеа. Не бевме во можност да создадеме шанси. Имаме квалитетни играчи… и моја работа е да го извлечам најдоброто од нив. Одговорноста е моја“, рече Слот.

Се вчитува...