Слот останува тренер на Ливерпул, ќе има „ремонт“ во соблекувалната

Во последниот период имаше многу шпекулации околу иднината на Арне Слот во Ливерпул. Менаџерот на „црвените“ веќе беше отпишан, а наводно англискиот првак веќе му нашол и замена во името на Чаби Алонсо. Меѓутоа последните информации велат дека челниците на тимот од Енфилд му дале доверба на Арне Слот и идната сезона да ја води екипата, во обидот да ја врати титулата, која ќе им избега во оваа.

Затоа, пак, ќе има чистење на играчкиот кадар. Наводно Ливерпул покрај Мохамед Салах, ќе им се заблагодари и на уште четворица играчи. Наводно станува збор за Коди Гакпо, Алексис Мекалистер, Џо Гомез и Федерико Киеза, кои од следната сезона ќе имаат нови клубови.

Покрај нив, неизвесна е иднината и на Куртис Џонс, Енди Робертсон и Ибрахима Конате.

Кога станува збор за нови играчи, со Ливерпул се поврзуваат Балеба од Брајтон, Вортон од Кристал Палас и Андерсон од Нотингем Форест. Исто така тука е и Ентони Гордон од Њукасл.

Се вчитува...