Ливерпул е единствениот тим со перфектен скор во досегашниот дел од Лигата на Шампионите, а за осигурување на првото место на „црвените“ им е доволен само бод на последниот меч што вечерва ќе го играат во Холандија против ПСВ Ајндховен.
Тренерот Арне Слот се реши за коренити промени во тимот за овој дуел, оставајќи дури девет стандардни првотимци во Ливерпул. Во екипата на „црвените“ ќе го нема најдобриот фудбал Мохамед Салах, потоа капитенот Вирџил ван Дајк, првиот голман Алисон Бекер, како и Конате, Александер Арнолд, Гравенберх, Мекалистер, Луис Дијаз и Собослаи, па јасно е дека „црвените“ практично со својата втора постава ќе излезат на мегдан со ПСВ.
Ливерпул викендов го очекува незгодно гостување во Премиер-лигата против екипата на Борнмут, по што „црвените“ ќе му гостуваат и на Евертон во заостанатиот премиерлигашки дуел.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА