Слот откри одлични вести околу Исак

Ливерпул се уште има проблеми со повредени играчи, но тренерот Арне Слот на денешната прес-конференција објави охрабрувачки информации околу Александар Исак.

Најскапото засилување на „црвените“ е „во аут“ повеќе од два месеци, се чинеше дека скршеницата на скочниот зглоб на дербито со Тотенхем ќе значи и крај на сезоната за Исак, но Слот обелодени дека одличниот голгетер за околу месец повторно ќе го гледаме на фудбалските терени.

„Се уште го немаме видено најдоброто од Исак, што е голема штета за него, но и за нас како клуб. Добро е што напредува со тренинзите, влезе во завршната фаза од рехабилитациската програма. Ако нема нови проблеми, ќе го видиме на терен за околу еден месец, кон крајот на март“, обелодени Слот.

Ливерпул викендов му гостува на Нотингем, меч за кој Слот повторно нема да може да смета на Фримпонг, како и на Ендо и Бредли, за кои оваа сезона е завршена.

Се вчитува...