Ливерпул денеска испадна од ФА Купот откако загуби од второлигашот Плимут со 1-0 во 1/16 финалето. „Црвените“ одиграа под просечен натпревар, иако имаа шанси во финишот да избегнат пораз, сепак, не успеаја.
Менаџерот Арне Слот истакна големо незадоволство и од резултатот, и од играта на својата екипа.
„Овој резултат е многу разочарувачки. И начинот на кој игравме не беше добар. Единственото што ми се допадна е тоа што момците се бореа 100 минути. Последните 10 минути беа веројатно нашите најдобри на мечот. Секоја чест за противникот, имаа план за игра, играа многу храбро. Пеналот влијаеше на мечот. Немаше шанси, и потоа одеднаш пенал. Но, ќе кажам дека истиот беше оправдано досуден. Нивниот голман направи две одлични одбрани на крајот, но генерално имавме многу малку шанси“, изјави Слот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА