Слот по катастрофата од Сити: Единствено добро е што не примивме повеќе голови

Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот е под дополнителен притисок откако неговиот тим претрпе тежок пораз од Манчестер Сити во ФА Купот со 4-0.

Со тоа Ливерпул остана без уште еден трофеј во сезоната, а сега им остана само надежта за пехарот во Лигата на шампионите, а Слот и понатаму е под тешки критики и можна смена на крајот од сезоната.

„Првото полувреме беше израмнето. Губевме со 2-0 на полувреме и тоа не ни помогна во атмосферата после оваа лоша сезона. По паузата се надевав дека ќе се вратиме во игра, но веднаш бевме казнети и примивме уште два гола. Единственото позитивно беше што не примивме повеќе голови. Многу сме разочарани, не само поради елиминацијата, туку и поради играта и резултатот. Уште едно големо разочарување за нас. Ни фалеа работите кои што ни фалат цела сезона“, рече Слот.

Се вчитува...