Слот: Покажавме кои сме во најтешкиот натпревар сезонава

Дербито на осмото коло во Премиерлигата помеѓу Ливерпул и Челси заврши со триумф на „црвените“ од 1-0 со што избраниците на Арни Слот одново се искачија на врвот на табелата во силниот шампионат.

Холандскиот стратег пак не го криеше задоволството од триумфот велејќи дека ова е најтешкиот натпревар за неговиот тим во досегашниот дел од сезоната.

„Многу натпревари беа тешки оваа сезона, но овој беше веројатно најтешкиот. Не само поради големиот број на квалитетни играчи кои ги има Челзи, туку и поради структурата. Моравме да се бориме напорно, до последен момент. Се браневме со сите сили, вложивме неверојатен напор. Некои работи не ни одеа во прилог.

Беше многу важно што не досуди, а потоа го одзеде пеналот кон крајот на полувремето. Ќе беше поинаку да одевме на полувреме со 2-0. Вака примивме гол уште на почетокот на вториот дел. Но, успеавме да одговориме и да го постигнеме вториот гол. Покажавме кои сме, тоа е најважно“, изјави Слот.

Се вчитува...