„Новиот Ливерпул“ на Арни Слот кој претрпе бројни промени во играчкиот кадар ова лето претрпе пораз во првата битка за шампионска титула оваа сезона губејќи во Комјунити шилд од Кристал Палал по изведување на пенали.
За „црвените“ на првиот официјален натпревар дебитираа од првата минута четирите нови засилувања Флоријан Вирц, Милош Керкез, Џереми Фримпонг, и Уго Екитике, а и покрај тоа што последните двајца ја затресоа мрежата, а Германецот забележа асистенција, истото не беше доволно за шампионско славје во пенал серијата во која „црвените“ потфрлија.
Тренерот на Ливерпул верува дека на тимот му треба повеќе време за воигрување.
„Кога противникот ќе промаши два пенали, а вие сепак ќе загубите тоа не е добро. Ова беше натпревар на кој два пати бевме во водство и имавме контрола се додека не изедначија по втор пат. Имавме и тогаш голема шанса преку Салах, но можевме и да загубиме. Потребно ми е повеќе време да се воиграме“, изјави Слот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

