Ливерпул е лидер во Премиер лигата и многумина веројатно очекуваат убедлива победа над зоната за испаѓање Ипсвич Двата тима се среќаваат в сабота на „Енфилд“ во средба од 23. коло. Токму против овој противник дебитираше новиот менаџер на „црвените“, Арне Слот во Премиер лигата – победа од 2-0 на гости во првото коло во средината на август.
Иако Ливерпул оди кон титулата и се очекува сигурна победа, па дури и убедлива, Холанѓанецот на клупата на „црвените“ со предупредување.
„Навивачите да не очекуваат лесна победа. Знам дека веројатно им е тешко да го прифатат тоа, исто како што е за мојот татко“, започна Слот.
„Кога ќе му се јавам на мојот татко по натпревар, понекогаш ми вели дека даден меч не бил толку возбудлив како на пример претходниот. Истото ми го кажа пред некој ден по победата над Лил во Лигата на шампионите. Морам да му објаснам дека на вакви натпревари е многу лесно да се загуби ако почнеш да играш ризично. Но, тој не секогаш се согласува со мене. Како менаџер бев задоволен од нашиот настап против Лил бидејќи тоа беше противник кој е добро организиран. Можам да се сетам на една епизода од играта кога Кертис Џонс се обиде да игра со оспорена топка околу центарот. Беше ризична ситуација и се случи да го загубиме поседот и да дојде до контра напад. Затоа не треба да очекуваме лесни натпревари и лесни победи“, изјави Слот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

