Слот презадоволен: Вирц ги надмина очекувањата кои беа големи

Тренерот на Ливерпул, Арни Слот имаше пофални зборови за мега трансферот во овој преоден рок – ангажманот на Флоријан Вирц, младиот германски фудбалер кој покажа класа настапувајќи за Баер Леверкузен.

Прилагодувањето од Бундеслигата во Премиерлигата не е лесно, но според холандскиот стратег неговиот нов фудбалер тоа го направил на фантастичен начин, дури и надминувајќи ги очекувањата кои биле големи.

„Вистина е дека мора да се адаптира на Премиерлигата, интензитетот и новите соиграчи, но мислам дека, ако ги гледавте натпреварите може да видите дека неговата адаптација помина причично добро, дури и подобро отколку што очекувавме, а очекувањата беа големи“, изјави Слот особено истакнувајќи ја менталната стабилност на Германецот.

„Тоа можеби му е и најголемата предност, а тоа доста говори бидејќи кога го гледате како игра се прашувате „Зарем?“ бидејќи е многу креативен. Но, ментално е премногу цврст, не му го одзема вниманието ниту висината на трансферот, ни било што друго. Мислам дека добрите играчи секогаш ќе најдат начин да играат добро во добрите тимови, а тој е добар играч и игра во добар тим“

Се вчитува...