Тренерот на Ливерпул, Арни Слот им даде признание на фудбалерите на ПСЖ за одличниот натпревар во осминафиналето во Лигата на Шампионите, средба на која доминираше противникот со 27 упатени обиди кон голот на Алисон, но „црвените“ беа оние кои со само два успеа да ја затресат мрежата.
Слот сепак и верува дека неговиот тим може да одигра подобро од прикажаното во Париз, а очекува неговите избраници да го докажат тоа на реванш средбата на „Енфилд“.
„Луѓето велат дека игравме лошо, но јас не се согласувам со тоа. Мислам дека тие одиграа неверојатно добро, мислам дека оваа сезона не се сретнавме со екипа која истовремено имаше толку квалитет и толку интензитет. Сепак, мислам дека и ние можеме да играме подобро. Не го велам тоа затоа што бевме лоши, или пак дека не игравме добро, но ние сме подобар тим од тоа што бевме минатата недела. Тоа мораме да го докажеме утре со помош на нашите навивачи“, изјави Слот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

