Слот: Рано е да кажеме дека Ливерпул е најдобриот тим на светот

Ерата на Арни Слот во Ливерпул започна фантастично. „Црвените“ се лидери во Премиерлигата и во Лигата на Шампионите па многумина веруваат дека Ливерпул во моментот е најдобриот тим на светот.

Но, со тоа не се согласува холандскиот стратег кој се осврна на комплиментот кој го доби од страна на тренерот на Брентфорд, Томас Френк.

„Неговото мислење за мене лично е многу важно бидејќи направи многу добри работи во Брентфорд во последните години. Но, мислам дека е прерано за мене да говорам такви работи. Имаме уште многу натпревари.

Форматот во Лигата на шампиони оваа година е компликуван. Што можеме да говориме за табелата? Секој тим игра со различни ривали, тука може да имате среќа или не. Ако го погледнам ПСЖ, мислам дека секоја недела имаат најтежок противник и мислам дека во однос на квалитетот се прениско на табелата“, вели Слот.

Се вчитува...