Арне Слот не го криеше разочарувањето откако Ливерпул одигра само 2-2 на гостувањето против Астон Вила. „Црвените“ имаа повеќе од играта во текот на целиот меч, создадоа бројни шанси, а најголемата во второто полувреме ја промаши Дарвин Нуњез, кој имаше пред себе празен гол, но шутираше над дирекот.
„Ако го гледавте мечот и видовте колку шанси создадовме, секако дека заслуживме да победиме. Особено шансите во второто полувреме…. еден играч е особено разочаран во соблекувалната, сите знаете кој е тоа“, изјави Слот.
Тој истакна дека е задоволен од залагањето и играта, но потенцираше дека ќе мора да се поработи на реализацијата на нападите.
„Беше многу подобро од она на последниот меч со Вулверхемптон. Против Евертон немавме среќа, сите видовте, ова беше сосема поинаку… Секогаш е тешко на гости со Вила, но ние игравме добро, создадовме многу шанси, но не успеавме да ги реализираме. Само да не ни стане навика бидејќи грешките скапо се плаќаат“, порача менаџерот на Ливерпул.
Пеколниот распоред на „црвените“ продолжува и викендов, ако се знае дека веќе в недела лидерот на табелата го очекува гостување против шампионот Манчестер Сити.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

