Слот: Разочарани сме, но видов и добри моменти

Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот, беше незадоволен по поразот на неговиот тим од Галатасарај со 1-0 во Лигата на шампионите. Тоа беше втор последователен пораз за „Мерсисајдерс“ по поразот од Кристал Палас во Премиер лигата и секако е загрижувачки за сите поврзани со клубот.

Според него, противникот едноставно бил помудар, особено во ситуацијата со пеналот.

„Разочарани сме. Денес видов поинаков настап во споредба со натпреварот со Кристал Палас. Игравме добро и имавме голема шанса да поведеме со 1-0. Тешко ми е да ја споредам оваа ситуација со која било од минатото. Во некои моменти бевме надмудрени и не можам да го обвинам Собослај за неговата грешка. Од пенал кој беше 20 проценти, тие направија 100 проценти, и тоа беше многу мудро од нив“, започна Слот.

„Не мислам дека сме далеку од нивото што го покажавме минатата сезона. Понекогаш овие резултати се постигнуваат поради распоредот. Играњето против Галатасарај е секогаш тешко, а потоа доаѓа уште еден тежок натпревар со Челси на гости. Разликите се мали во споредба со минатата сезона. Втор пат по ред резултатот не е во наша корист. Но, видов многу добри работи во првото полувреме, но имаше многу помалку во второто. Но, во второто полувреме, прво противникот беше борбен и јас сакам да му честитам, а второ времето за игра беше доста кратко.  Во смисла кратко време топката беше на теренот. Нивниот напаѓач лежеше на земја четири или пет пати“, изјави Слот.

Се вчитува...