Ливерпул прави се што може за да го задржи Трент Александер Арнолд со нов долгогодишен договор наспроти офанзивата на Реал Мадрид за трансфер на одличниот десен бек.
„Црвените“ испратија нова богата понуда вредна над 78 милиони фунти за Трент и следните пет сезони да ги мине на „Енфилд“, а Арне Слот во последните седмици упати бројни комплименти на адреса на дефанзивецот.
Холандскиот стратег одговори и на гласините дека „кралевите“ секогаш ги добиваат играчите што ќе ги изберат за засилување, потсетувајќи дека клупската легенда Стивен Џерард своевремено го одби најтрофејниот европски клуб за да остане на „Енфилд“.
„Реал ги добива сите играчи што ги сака? Искрено, не сум баш убеден дека секогаш е така. Јас знам еден што ги одби, вие сигурно го знаете многу подобро од мене… Разговорите продолжуваат, немам ништо ново да ви соопштам на оваа тема“, со насмевка прокоментира стратегот на Ливерпул.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА