Слот се правда: Луѓето не разбираат дека продадовме играчи за 300 милиони

Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот, зборуваше за резултатите на тимот во услови на големи трошоци ова лето.  После поразот од Брајтон, Ливерпул ќе води жестока битка и за пласманот во Лигата на шампионите идната сезона, доколку не успее да го освои трофејот во најелитното клупско натпреварување.

Слот се „правдаше“ со тоа што неговиот тим продал играчи за 300 милиони фунти.

„Никој во Англија не е навикнат клубовите да продаваат играчи. Вообичаено, во Англија, клубовите само трошат пари и со тоа го зајакнуваат веќе силниот состав, но овој клуб има поинаков модел. Никој не сака да го види тоа, и никој не сака да го разбере. Некои експерти не сакаат да ви кажат дека сме продале играчи за 300 милиони фунти. Ако играч вреден 150 милиони фунти не е достапен, тоа е веќе проблем“, изјави Слот.

Се вчитува...