Слот со критика до играчите: „Како ние да игравме со 9 на терен, а не тие!“

Со многу нервоза и неизвесност до последните секунди, Ливерпул конечно успеа да победи на гостувањето против Тотенхем.

„Црвените“ имаа и двајца играчи повеќе на крајот од натпреварот, но мораа да чекаат до последната минута за победа од 1-2 во Лондон.

„Искрено, мислев дека против деветмина веројатно ќе можеме да ги држиме подалеку од нашиот гол. Но, се чинеше дека ние игравме со девет, а тие со единаесет, бидејќи беше напад по напад од нивна страна“, рече Слот, додавајќи:

„Веќе реков минатата недела дека играчите напредуваат. Нашата игра денес не беше совршена, особено во последните 10-15 минути, но во меѓувреме освојуваме бодови и гледам дека тимот напредува како што би сакал“.

Играчите на Ливерпул имаа проблеми со повредите и на натпреварот против Тотенхем. Конор Бредли, како и Флоријан Вирц, се пожалија на повреда, додека голманот Алисон исто така имаше проблеми за време на натпреварот.

Се вчитува...