Слот: Тоа е фудбалот, на секој може да му се случи да промаши пенал

Фудбалерите на Кристал Палас стигнаа и до вториот трофеј во нивната историја откако во Комјунити шилд по пенали славеа над Ливерпул со 3-2, откако по 90 минути беше 2-2.

По мечот тренерот на „црвените“, Арне Слот вели дека на секој може да му се случи да промаши пенал, па затоа нема никакви замерки кон своите фудбалери.

„Немам што да им замерам на играчите. Можам да ги пофалам за залагањето и вложениот труд на теренот, но имаше детали на кои мораме уште да поработиме.

Имаме повеќе нови играчи кои не се со нас долго време, но покажаа дека имаат квалитет и дека ќе бидат одлични засилувања. Сезоната само што започна, пред нас имаме многу предизвици.

Секому може да му се случи да промаши пенал, иако сите знаеме дека моравме да бидеме пофокусирани. Честитки за Палас, заслужено го освоија првиот сезонски трофеј“, рече Слот.

Се вчитува...