Слот веднаш до рекорд: Прв тренер на Ливерпул со лигашки деби-триумф во 21. век

Арне Слот имаше победнички старт на премиерлигашката ера во Ливерпул откако екс-тренерот на Феенорд рутински ги предводеше „црвените“ до триумф од 0-2 на гостувањето против Ипсвич.

Со овој резултат, Слот стана првиот тренер на Ливерпул во 21. век што успеал да триумфира на своето премиерлигашко деби. Последни на кои тоа им успеало беа Улие и Еванс, кои работеа како ко-менаџери во 1998 и со победа ја почнаа заедничката соработка.

На истиот меч рекорд урна и Мохамед Салах, кој стана прв фудбалер во историјата со девет постигнати гола во првите рунди од Премиер-лигата.

Се вчитува...