Слот: Во првото полувреме чекавме да ни дадат гол, ќе бевме среќни и со реми…

Ливерпул ја забележа најсреќната победа оваа сезона откако „црвените“ триумфираа со 0-1 на гостувањето против ПСЖ, со единствениот шут кон противничкиот гол што го реализираше „резервистот“ Харви Елиот.

Голманот Алисон Бекер беше убедливо најдобар поединец на натпреварот, а Арне Слот по мечот даде искрена проценка за случувањата на теренот.

„Во првото полувреме како да седевме и да чекавме да ни дадат гол. Проблемот беше очигледен, па направивме одредени измени, така што Луис Дијаз веќе не притискаше многу во пресинг, туку го следеше Хакими и не му даде доволно простор. Делувавме подобро, ПСЖ сите шутеви во второто полувреме ги имаше од далечина, а ние го имавме Алисон кој бранеше одлично. Имавме и два опасни прекини, постигнавме гол и среќни сме што победивме. Јасно е, ова е среќна победа, ние ќе бевме задоволни и ако се вратевме дома со реми, бидејќи ПСЖ навистина беше многу подобар тим на овој натпревар“, истакна Слот.

Се вчитува...