Слот за Киеза: Се разочарувам кога ќе видам дека не може да издржи тренинг

Италијанскиот репрезентативец Фредерико Киеза изминатото лето реализираше трансфер од Јувентус во Ливерпул вреден 12 милиони евра, но се прослави на стартот на кариерата во англиското првенство.

Повредите во последните сезони го спречуваат Италијанецот да се покаже во претпознатливото светло, а тешко му оди и привикнувањето на интензитетот на игра во Премиерлигата. За тоа говореше и неговиот тренер Арни Слот.

„Доаѓа од Серија А во која интензитетот е помал отколку во Премиерлигата. Се бори да го достигне нивото. Разочарува кога ќе го видам како прескокнува тренинзи“, изјави холандскиот стратег.

Се вчитува...