Ливерпул се пласираше во четвртфиналето на Лига купот со победата од 2-3 на гости кај Брајтон. Стрлец на првите два гола за црвените беше Коди Гакпо.
Иако не ја започна сезоната како стартер, Гакпо сериозно се наметна неодамна и речиси го замени Луис Диас. Ова индиректно го призна и самиот Слот, инаку сонародник на Гакпо.
„За мене Гакпо е редовен стартер. Тој е нашиот клучен играч. Можеби нема да го започне секој натпревар, но најмногу ќе биде стартер“, изјави Слот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА