Слоун Стивенс ќе ја предизвика Халеп во финалето во Париз

Слоун Стивенс ја доби полуфиналната американска пресметка против Медисон Кис и се пласираше во финалето на гранслем турнирот Ролан Гарос каде ќе ги одмери силите со Симона Халеп. Таа славеше со 2-0 во сетови покажувајќи дека во моментов е во подобра форма од својата сонародничка.

Десеттата носителка Стивенс го освои првиот сет со 6-4 во гемови, а идентичен беше развојот на настаните и во вториот. Таа дозволи само еднаш да го загуби својот сервис, доминираше во играта од основната линија и успеа да се пласира во самата завршница на гранслемот во Париз.

Се вчитува...