Словачка ја доби првата пресметка со Украина, чекор поблиску до двомеч со Македонија

Ракометната репрезентација на Словачка славеше со 24-27 во првиот натпревар против Украина во првиот бараж за пласман на Светското првенство кое што на почетокот на следната година ќе се игра во Германија.

Словаците одиграа неверојатно во првото полувреме, посебно во фазата на одбрана па на пауза заминаа со позитива од пет гола 11-16. Иако Украинците одиграа подобро во вториот дел немаа сила за ништо појше од пораз од три гола 24-27.

Јурај Бриатка со седум гола беше прво име кај победникот, додека кај поразените недоволни беа 11 поени на Ихор Турченко.

Се вчитува...