Словачка ќе биде противникот на Македонија во баражот за СП

Ракометната репрезентација на Македонија е на чекор од баражот за пласман на Светското првенство 2027 во Германија. Противникот на Кирил Лазаров и неговите момци ќе биде селекцијата на Словачка, откако Словаците славеа во двомечот против Украина.

Во првиот натпревар, одигран на неутрален терен во Германија, Словачка славеше со 27-24. Во реваншот во Поважска Бистрица, Украинците успеаја да стигнат до тесна победа од 32-31, но тоа не им беше доволно, бидејќи Словачка успеа да ја задржи предноста од првиот меч.  Македонија, која го прескокна првиот круг на квалификациите благодарение на солидниот пласман на Европското првенство, сега ќе одигра двомеч со Словаците. Првиот натпревар е на гостински терен на 13 или 14 мај (најверојатно во Бистрица), додека реваншот е закажан во Скопје на 16 или 17 мај.

Доколку нашите ракометари го поминат овој бараж, тоа би било нивно десето учество на светски првенства, а осмо по ред.

Се вчитува...