Македонската кошаркарска репрезентација по неуспешните квалификации за Светското првенство 2023 повторно ќе настапи во претквалификациите за Европското првенство 2025. Таму за противник во групната фаза повторно ќе ја имаме Словачка, а останатите две репрезентации ќе бидат познати по ждрепката која ќе се одржи на 14. јули во Минхен.
Можни противници за „црвено-жолтите“ се Австрија, Романија и Данска, односно Швајцарија, Норвешка и Кипар кои првиот циклус на квалификации ги поминаа како победници во групите, односно оние кои претквалификациите ги заврши како најдобро второпласирани екипи со тоа што островската земја ќе се пласира директно на собирот како ко-домаќин.
За разлика од претходните претквалификации во кои најдобрите две екипи од групата се пласираа во квалификациите, овој пат само победникот од групата ќе го најде своето место во квалификациите. Тоа драстично го отежнува патот на Македонија до следниот континентален собир, но добро во тоа е што ги избегнавме драстично посериозните репрезентации како Хрватска и Полска.
Квалификациите ќе се одржат во три квалификациски прозорци: 22-29. август 2022 година (со натпревари на 25. и 28. август); 7-15. ноември 2022 година (со натпревари на 10. и 13. ноември) и 20-28. февруари 2023 година (со натпревари на 23. и 26. февруари).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА