Репрезентацијата на Словачка стигна до бронзениот медал на хокеарскиот турнир на Зимските олимписки игри во Пекинг 2022 година.
Словаците во малото финале ја шокираа фаворизираната Шведска со 4-0. Стрелци на головите за Словачка беа Слафковски во 24. минута, Такач во 33. минута, Чехларик во 59. минута и Регенда во истата минута.
Ова за Словаците е прв медал на хокеарскиот турнир на Зимските олимписки игри, а претходно најголем успех беше четвртото место на игрите во Ванкувер 2010 година.
Утре во мечот за златниот медал ќе се сретнат Русија и Финска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА