Јувентус веќе го договори првиот трансфер за наредната сезона откако „старата дама“ ги среди сите детали околу ангажманот на Давид Ханко од Феенорд.
„Црно-белите“ го имаа 27-годишниот Словак на врвот на листата со желби кога станува збор за одбраната и во текот на зимскиот преоден рок, но Феенорд одбиваше воопшто да преговара за зимски трансфер во ситуација кога голем дел првотимци на холандскиот гигант се повредени.
Двата клуба уште во февруари седнаа на маса преговарајќи за летен трансфер, а според последните информации најден е заеднички јазик. Феенорд ја прифатил понудата од 22 милиони евра давајќи зелено светло за трансферот, додека Ханко уште од почетокот на годинава веќе има договор со Јуве за личните услови, за плата од 2,5 милиони евра по сезона плус бонуси.
Холандскиот тим добро ќе заработи на словачкиот репрезентативец, ако се знае дека пред две години го доведе Ханко од Спарта Прага за сума од шест милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

