Слован Братислава е прв ривал на Струга ТЛ во квалификациите за ЛШ

Словачкиот шампион Слован Братиславае првиот ривал на Струга ТЛ во квалификациите за Лигата на шампионите за сезоната 2024/25, беше одредено со ждрепката што попладнево се одржа во Нион.

Ждребот не беше најнаклонет на стружани, за ривал добија екипа со сериозен буџет и европски амбиции, но јасно е дека македонскиот шампион нема без борба да се откаже, со надеж дека ќе може да приреди изненадување и да мине барем една рунда од квалификациите за Лигата на шампионите. Доколку не успее во тоа, тимот на Струга ТЛ настапите ќе ги продолжи во квалификациите за Конференциската Лига.

Првиот дуел од двомечот со Слован ќе се игра во Братислава на 9/10 јули, а реваншот е закажан за една седмица подоцна во Македонија.

Се вчитува...