Словачкиот првак Слован Братислава со победа од 5-0 против Целје од Словенија, се пласираше во 3. квалификациско коло во Лигата на шампионите. Првиот меч заврши без победник 1-1.
Слован кој во првото коло ја елиминираше Струга ТЛ, вечерва ја покажа својата сила, меѓутоа треба да се има во предвид дека Словенците играа со играч помалку уште од 16. минута кога беше исклучен Вукишевиќ. Затоа Толиќ и Стрелец до полувремето донесоа 2-0, а победата ја комплетираа Мак, Стрелец и Барсегјан во вториот дел.
Во третото квалификациско коло се пласираше и тимот на Ференцварош кој и на реваншот ја совлада ТНС од Велс со 1-2. Понатаму се пласираше и Малме кој успеа да ја одбрани предноста против Клаксвик од Фарски Острови, и покрај тоа што загуби со 3-2. На првиот меч беше 4-1 за шведската екипа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА