Слован Братислава, противникот на Струга ТЛ во 1. квалификациско коло, избори пласман во плеј-офот во Лигата на шампионите, откако го елиминираше кипарски АПОЕЛ. Слован на реваншот во Кипар одигра без голови, и благодарение на победата од 2-0 од првиот меч, се пласираше во следната фаза.
Слован во плеј-офот го чека подобриот од дуелот Ференцварош – Митјиланд.
Бодо Глимт се пласираше во плеј-офот, откако и на реваншот ја победи Јагелонија на Дарко Чурлинов со 4-1. Норвежаните имаа предност и на првиот меч од 0-1. Чурлинов не беше регистриран за овој меч, и се очекува да биде во комбинација за плеј-офот во Лигата на Европа. Бодо Глимт во плеј-офот ќе игра против Црвена Звезда.
Во следната фаза оди и тимот на Салцбург. Автриската екипа по победата на домашен терен, на реваншот одигра 3-3. Во плеј-офото Салцбург го чека подобриот од дуелот Глазгов Ренџерс – Динамо Киев.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА