Словаците сами си „пукаа” во нога против Шпанија, Шведска ја шокираше Германија

Актуелниот европски шампион Шпанија ни самиот не знае како успеа да стигне до победа на гостувањето кај Словачка по две продолженија (72-76) во натпревар од третото коло од квалифиакциите за Евробаскетот 2025 година.

Шпанците одиграа еден катастрофален меч, кој требаше да го загубат уште во регуларниот дел, но Бродзиански не успеа да реализира слободно фрлање на пет секунди до крајот па по 40 минути игра резултатот на семафорот беше 59-59.

Словаците повторно си пукаа сами во нога, бидејќи во првото продолжение имаа позитива од 67-64 и посед на 0.4 секунди до крајот на мечот. Успеаја да ја загубат топката, а Јуста со звукот на сирената да погоди тројка за 67-67.

Во второто продолжение Шпанија конечно заигра на ниво и на крајот стигна до победа од 72-76.

За разлика од Шпанците, Германците немаа среќа па загубија од Шведска со 73-72 и го ставија под знак прашалник својот настап на Евробаскетот.

Се вчитува...