Словенечка доминација во женските ски-скокови на ЗОИ во Пекинг

Словенечките ски-скокачки доминраа на натпреварот на малата скокалница на Зимските олимписки игри. Златото и припадна на Урса Богатај која оствари скокови од 108 и 100 метри што беше за 2.2 поени подобро од сребрената Германка, Катарина Атлхаус.

Бронзата и припадна на втората Словенка, Ника Крижнар, додека третата Словенка, Ема Клинец заврши на петтата позиција. Легендарната Јапонка, Сара Таканаши остана без медал освојувајќи го четвртото место.

Се вчитува...