Словенечката Слокар сензационална победа на слаломот во Мерибел

Словенечката алспска скијачка Андреа Слокар стигна до својата втора победа во Светскиот куп во алспко скијање откако денеска сензационално триумфираше на последниот слалом во францускиот Мерибел.

Словенечката до победата стигна со неверојатно второ возење и вкупно време од 1:36.54 минута, што беше за 48 стоти делови од секундата подобро од второпласираната Германка, Лена Дир. Подиумот го надополни Петра Влхова која доцнеше 81 стотинка зад времето на победничката.

Микаела Шифрин уште во четвртокот го осигура големиот кристален глобус кој е четврти за неа во кариерата, додека Петра Влхова беше доминантна во слалом сезонава и стигна до нов мал кристален глобус во оваа дисциплина.

Се вчитува...