Словенечкиот „шутер“ го продолжи договорот со Дубаи (ФОТО)

Словенечкиот репрезентативец Клемент Препелиќ и во новата сезона ќе биде дел од кошаркарскиот клуб Дубаи откако денеска официјално беше продолжен договорот кој траеше една година.

Препелиќ со тоа се враќа во Евролигата по двегодишна пауза. Последниот настап го имаше во дресот на Валенсија во сезоната 2022/23 по што настапуваше за Цедевита Олимпија и Галатасарај.

Триесетидвегодишникот изминатата сезона беше еден од лидерите на Дубаи со просек од 11.2 поени, 4.7 асистенции и 3.2 скокови во АБА лигата.

Се вчитува...