Словенечките ски-скокачи доминантно до златниот медал

Словенечкиот тим во микс во состав (Ника Кризнар, Тими Зајц, Урса Богатај и Петер Превц) на доминантен начин стигнаа до златниот медал во микс натпреварувањето во ски-скокови на Зимските олимписки игри во Пекинг.

Дека Словенците ќе стигнат до златниот медал се знаеше уште по првата серија дури четири натпреварувачки од тимовите кои беа главни конкуренти на Словенците, Норвешка, Јапонија, Австрија и Германија им беа поништени скоковите поради проблеми со опремата.

На крајот сето ова го искористија Русите и Канаѓаните кои стигнаа до сребрениот и бронзениот медал.

Се вчитува...