Словенец го брка Душан Влаховиќ од Јувентус?

Како што одминуваат месеците се помала е веројатноста дека Душан Влаховиќ ќе остане во редовите на Јувентус. Договорот на Србинот со „старата дама“ е со важност до 2026 година, клубот не намерува да го задржи, а би можел да ја промени средината веќе престојното лето.

Влаховиќ е желба на Диего Симеоне во Атлетико Мадрид и Јувенутс нема ништо против да го продаде својот голгетер на шпанскиот гигант, но за тоа да се случи потребно е да се „поклопат коцките“.

Имено, како што пренесуваат италијанските медиуми за Влаховиќ наскоро да замине од Јувентус потребно е да се договори трансферот на Џошуа Зиркзе. 21-годишниот имаше одлична сезона во Болоња по која реализираше трансфер во Манчестер Јунајтед вреден 42.5 милиони евра, но таму не се прослави.

Англискиот тим ќе прифати позајмица со обврска за откупување на неговиот договор од страна на Јувентус, но само под услов како замена да го доведе Бенџамин Шешко од Лајпциг. Словенецот беше трансфер желба на Манчестер Јунајтед и во минатото, но до истиот тогаш не дојде.

Се вчитува...