Во Вилинген, Германија, овој викенд се одржува натпреварувањето во Светскиот куп во скијачки скокови, воедно и последно натпреварување пред Зимските олимписки игри во Кортина и Милано.
Нов убедлив триумф оствари Домен Превц пред Рен Никаид и Карл Гајгер, кој по лошата сезона конечно се врати на подиумот.
Меѓу предскокачите беше Урбан Сушник (31), кој поголемиот дел од својата кариера го помина во Алпскиот куп и ФИС Купот, пониски натпреварувања од Светскиот куп. По завршувањето на неговата активна кариера, ФИС го вклучи меѓу момчињата кои се предскокачи на натпреварите од Светскиот куп.
Во Вилинген, тој го изведе скокот пред официјалниот натпревар, но летот беше посебен. Сушник скокна, а потоа го откопча комбинезонот. Под комбинезонот имаше маица на која пишуваше „Дали сакаш да се омажиш за мене?“.
На овој начин, Словенецот и предложи брак на својата девојка Мартина, која беше во публиката.
Мартина не можеше да ги задржи солзите, рече „да“, на воодушевување на публиката во Вилинген.
View this post on Instagram
Организаторите на натпреварот во Вилинген рекоа дека се почестени што толку прекрасен момент се случил токму на нивната скокалница.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

