Ако се гледа долгорочно, Милан немал вистинска деветка уште од времето на легендарниот Филипо Инзаги. Во меѓувреме се менуваа напаѓачите, а најголема трага остана Златан Ибрахимовиќ.
Во шпицот на Милан играа и Ориги, Пјонтек, Калиниќ, Силва, Бака, Торес, Балотели… но без некое големо значење. Затоа на лето главна цел на „росонерите“ ќе биде нападот.
„Газета дело спорт“ тврди дека Милан има долгорочен план со ангажман на словенечкиот голгетер, Бенјамин Шешко.
Словенецот веќе некое време важи за еден од талентираните напаѓачи во Европа, но тука е проблемот. Милан нема доволно средства сега да го доведе, па така планира за лето, но постои страв некој друг да не се вклучи во трката за неговито потпис.
За нападот конкурираат Дејвид и Гураси, како и Балогун од Монако и Циркзи од Болоња.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА