Словенец од Бундес-лигата доаѓа како супер-засилување за Охрид

Екипата на Охрид сериозно работи на создавање на конкурентен ростер за следната сезона, во која охриѓани предводени од новиот тренер Борис Ројевиќ имаат за цел да ги замрсат сметките на водечкото трио во мак-ракометот.

„Сино-белите“ веќе преговараат со Филип Талески, а во меѓувреме се на добар пат да ангажираат врвно засилување од Бундес-лигата. Како што информира „Балкан хендбол“, нов играч на Охрид од летово би требало да стане Тилен Стрмљан, повремениот репрезентативец на Словенија кој настапува во бундеслигашот Хановер, со кој моментно се наоѓа на третото место во најсилната ракометна лига во светот.

Овој 29-годишен ракометар настапува на позицијата среден бек и беше дел од составот на Словенија на ОИ во Париз, каде со оваа селекција беше многу блиску до освојување на медал.

Пред Хановер, тој настапуваше за тимот на Целје, со кој токму одличните настапи во ЛШ беа препорака за негов трансфер во германскиот шампионат. Според „Балкан хендбол“, раководството на Охрид постигнало целосен договор со Стрмљан, кој би требало да биде едно од најзвучните засилувања на македонскиот суперлигаш во летниот преоден рок.

Се вчитува...