Словенецот испишува историја: Лука Дончиќ рамо до рамо со Вилт Чемберлен

Лука Дончиќ ја продолжи низата на натпревари со 30 или повеќе постигнати поени на почетокот на НБА лигата. За Словенецот натпреварот против Јута беше седми со ваков учинок со што направи подвиг кој им успеал само на два кошаркари досега.

Станува збор за легендарниот Вилт Чемберлен го држи рекордот од 23 последователни натпревари со 30 или повеќе поени во сезоната 1962/63, а нему му припаѓа и втората најдолга низа од осум натпревари во сезоната 1959/60, и Џек Твајман кој во сезоната 1959/60 исто како Дончиќ седум пати успеаваше да ја надмине оваа цифра.

Се вчитува...