Кил летово го носи во своите редови Гонзало Перез де Варгас, а германскиот ракометен гигант веќе договори нов трансфер од Барселона, и тоа една година однапред. По стапките на Гонзало следното лето ќе тргна словенечкиот репрезентативец Домен Макуц, кој денеска и официјално потпиша четиригодишен договор со Кил што ќе стане валиден од 1 јули 2026 година.
Поранешниот словенечки ракометен бисер беше член на Барселона од 2021 година, но сега се реши за поинаков предизвик и преселба во најсилната лига во светот.
„Се уште сум играч на Барселона, а од следната година ќе бидам во Кил, тоа се два клуба од светска класа со богати традиции и огромна почит еден кон друг. На преселбата во Кил гледам како на следен голем чекор во мојата кариера, сакам да се докажам во најсилната лига на светот, а Кил е одлично место за такво нешто“, изјави 25-годишниот Макуц.
Словенецот е вториот договорен трансфер на „зебрите“ за 2026 година откако претходно беше договорено и доаѓањето на германскиот репрезентативец Џулијан Кестер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

