Словенецот Ланишек победник на „Четири скокалници“ во Гармиш Партенкирхен (ВИДЕО)

Словенецот Анже Ланишек е победник на ски-скокалницата во Гармиш-Партенкирхен, втората од четирите натпреварувања на традиционалната „Четири скокалници“.

По првата серија скокови, словенечкиот ски-скокач беше на третото место, а потоа во одлучувачкиот втор скок имаше далечина од 137 метри и стигна до 151 бод. Тоа беше доволно за триумф пред Јапонецот Роју Кобајаши.

За Ланишек ова е прва победа на традиционалното натпреварување кое се одржува за време на новогодишните празници.

По две одржани натпреварувања, прв во генералното рангирање на „Четири скокалници“ е Андреас Велингер со 291,4 поени, пред Кобајаши и Штефан Крафт од Австрија. Третата скокална е во среда на скокалницата во Инсбрук, а завршницата ќе биде на 6. јануари на скокалницата во Бишофсхофен.

Се вчитува...