Словенецот Погачар со петта етапна победа на „Тур Д’Франс“ (ВИДЕО)

Словенечкиот велосипедист Тадеј Погачар е победник на 20. етапа на „Тур Д’Франс“, што е негова петта етапна победа на годинашната трка.

Погачар претпоследната етапа од Ница до Кол де ла Кујола, долга 132,8 километри, ја заврши за четири часа, четири минути и 22 секунди.

Данецот Јонас Вингегор заврши за седум секунди зад Словенецот, додека Еквадорецот Ричард Карапаз беше поспор за 23 секунди од лидерот.

Погачар е убедливо прв во генералниот пласман со 82 часа, 53 минути и 32 секунди, а пет минути и 14 секунди зад него е второпласираниот Вингегор.

Последната 21. етапа од „Туд Д’Франс“, индивидуално на хронометар 33,7 километри, се вози од Монако во Ница утре од 14:40 часот.

Се вчитува...